Вести | 06.01.2009 | 11:00 UTC
Русија ја запре испораката на гас за источна Европа
Русија ограничи големи делови од испораките на гас за источна и југоисточна Европа поради спорот со Украина околу цената на гасот. Целосно е запрена испораката на гас за Бугарија, Турција и Хрватска, од рестрикции се погодени Романија, Грција, Македонија, Чешка и Австрија. Рускиот концерн „Газпром“ ги намали на само една третина од вообичаеното ниво испораките преку гасоводот во Украина, велат од државниот лиферант „Нафтогаз“ од Киев. Русија го најави намалувањето и вети дека испораките ќе ги префрли на гасоводи преку други земји. Во спорот руското раководство сака да ги изедначи на вообичаеното пазарно ниво досега ниските цени на гасот за Украина.










