1. Содржина
  2. Навигација
  3. Други содржини
  4. Мета навигација
  5. Барај
  6. Изберете од 30 јазици


 

Свет  | 12.03.2010

Поддршка од папата за расветлување на случаите на сексуално злоставување

 

Папата Бенедикт 16. им даде поддршка на германските бискупи во напорите за расветлување на случаите на сексуално злоставување на малолетници во католички установи.

 

„Папата го проследи извештајот со жив интерес и длабока погоденост“, порача по средбата во Ватикан претседателот на германската Бискупска конференција, надбискупот Роберт Цолич.

Цолич, по разговорот со папата, уште еднаш јавно се извини за случаите на сексуално злоставување на малолетници во католички установи. "Црквата ги презема сите можни напори за расветлување на злоделата, за да им пружи утеха на жртвите, како и за спречување такви деликти да се повторат“, порача Цолич и додаде: „Свесни сме за нашата одговорност. Сакаме да ја откриеме вистината, жртвите имаат право на тоа“, нагласи Цолич на средбата со новинарите во Ватикан.

И специјалниот ополномоштеник на германската Бискупска конференција за проблемите со сексуална злоупотреба на малолетници, бискупот Штефан Акерман, денеска потврди дека црквата е цврсто решена да ги расветли сите случаи. Тој исто така порача дека црквата не бара посебен правен простор за тоа, туку ќе соработува со надлежните државни органи.

Папата Бенедикт 16 и надбискупот Роберт ЦоличBildunterschrift: Папата Бенедикт 16 и надбискупот Роберт Цолич

Остра дебата во јавноста

Токму околу начинот на расветлувањето на случаите во Германија се води остра јавна дебата, при која веќе дојде до сериозно заострување на односите меѓу надлежната министерка за правда, Сабине Лојтхојзер Шнаренбергер и претседателот на Бискупската конференција Роберт Цолич. Недоразбирањата се појавија откако министерката побара потесна соработка на црквените институции со надлежните државни органи.

Заменик претседателот на Бундестагот, Волфганг Тирзе, денеска побара од папата Бенедикт 16 официјално да им се извини на жртвите. Секако дека е важно и материјалното обештетување, но за погодените многу повеќе ќе значи извинувањето, како и чесното расветлување на аферата. Според најновата анкета на јавното мнение во Германија, дури 86% од испитаниците сметаат дека раководството на Католичката црква во земјата не покажува доволна решителност за расветлување на случаите. Скандалот исто така ја намалил довербата во католичките установи кај дури 68 насто од испитаниците.

Автор: ГЧ/АТ/дпа/афп/кна

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

 
 

Feedback »Испрати »Печати »

Други теми

 
Share this article


  • Дојче Веле не носи одговорност за содржината на надворешни интернет-страници.