| 03.12.2008 | 16:00 UTC
„Предизвици и перспективи на Македонија“ - конференција во Берлин
ЕУ не гo загуби интересот за интегрирање на земјите од Западен Балкан, истакна Ерван Фуере, амбасадорот на Унијата во Скопје, на Меѓународната конференција „Предизвици и перспективи на Македонија - тешкотии на патот кон евроатлантското семејство“ што се одржува во Берлин. Фуере смета дека Македонија во моментов треба да стави акцент на исполнување на барањата од извештајпт на ЕК, а пред се‘ политичкиот дијалог меѓу партиите.
Свое излагање имаше и македонскиот претседател Бранко Црвенковски. Во врска со спорот со името со Грција, тој рече дека Македонија треба да се обиде да направи фер компромис, кој нема да го загрозува етничкиот, јазичен или културен идентитет. Сите други чекори, независно од неспорната легитимност, можат да значат губење на драгоцено време, истакна македонскиот претседател. На конференцијата, која ја организира фондацијата Фридрих Еберт, учествуваат повеќе политичари и научници.










