| 24.12.2008 | 13:00 UTC
Бусек: Западен Балкан во ЕУ „како блок“
Советникот на чешката влада за ЈИЕ, Ерхард Бусек, очекува земјите од Западен Балкан да бидат примени во ЕУ „како блок“, што би било последица од влошувањето на односите меѓу Словенија и Хрватска. Според Бусек, Западен Балкан ќе биде тежиште на наредниот неформален состанок на шефовите на дипломатии на земјите од Унијата. Бусек нагласува дека прием на земјите од регионот како блок би значело деблокирање на ситуација во која земјите од Западен Балкан меѓусебно си го блокираат приклучувањето кон ЕУ.



